Филм за борбата против коронавирусот со милиони прегледи, а еве зошто треба да го погледнете

Сподели со своите пријатели

Додека остатокот од светот само ја следеше приказната за новата болест која прогонува „таму далеку“, кинеските власти на 23 јануари започнаа со серија ригорозни мерки, не само во Вухан, туку и во другите градови во Хубеи, со надеж дека ќе го запрат ширењето на коронавирусот.

Loading...

Иако е приказна која, барем во Кина, има среќен крај, документарецот „The Lockdown: One month in Wuhan“ е болно потсетување за едномесечната борба на кинеските власти со болеста, која од ден на ден зема се повеќе жртви, а од првичните четириесетина новозаболени, наскоро бројката се искачи на застрашувачки 14.000 заразени за само еден ден.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Како што знаеме, локалните власти во Кина неодамна почнаа полека да ги олеснуваат мерките по седумдневниот период во кој нема регистрирани нови случаи.

И додека се шират теории на заговор на социјалните мрежи, снимките насочени кон намалување на сериозноста на пандемијата и непроверените информација, овој получасовен документарен филм кој за кратко време собра над 15 милиони прегледи, треба да биде нов „хит“.

Како да им објасните на децата што е коронавирус?

Особено во државите чии жители сè уште не ја разбираат тежината на ситуацијата со која се соочуваат.

Документарецот е исто така важен затоа што меѓународните експерти за здравство ги пофалија потезите на кинеските власти, велејќи дека тие биле клучни во забавување на ширењето на вирусот во остатокот од светот за најмалку две до три недели, а искуството на јасно успешната борба против вирусот е клучно за земјите кои се борат со оваа борба.

Loading...

Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

Во исто време, ова е, како што велат авторите на филмот, „Посветено на сите што неуморно се бореа против вирусот КОВИД-19 за да стават крај на епидемијата. Нивната одбрана на човештвото ќе остане засекогаш запаметена“.

Leave a Reply