Филипини: Кој прави проблеми во карантин ќе биде застрелан од полицијата

Сподели со своите пријатели

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе им нареди на полицијата и војската да го убијат секој што „создава проблеми“ за време на карантинот, што е превентивна мерка за да се запре ширењето на коронавирост.

Loading...

– Нека ова биде предупредување за сите – слушајте ја владата, сега најважно е да има ред во земјата – рече Дутерте во обраќањето до нацијата што се емитуваше на телевизија, пренесоа светските медиуми.

Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот

– Не обидувајте се да ги повредите здравствените работници, лекарите… затоа што тоа е сериозно кривично дело – потенцираше Дутерте и сериозно ги предупреди Филипинците: „Мојата наредба до полицијата и војската е дека ако некој предизвика проблеми и вашите животи се во опасност: пукајте во нив!

Во оваа земја се пријавени 2.311 случаи на инфекција, починаа скоро 100 луѓе, а според извештаите на медиумите, граѓаните се собираат и не ја почитуваат наметнатата забрана за движење затоа што се гладни.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион

Оние што протестираат низ Филипини велат дека тоа е затоа што немаат работа, пари, немаат ништо за јадење, а државата не им обезбедува основна храна за да можат да преживеат.

Leave a Reply