Филипче: Се спроведува теренска вакцинација во старечките домови

Сподели со своите пријатели

Процесот на имунизација на приоритетните групи за вакцинацијата ги вклучува и домовите за стари лица кадешто вакцинацијата се спроведува на терен за сместените корисници и за здравствените работници во сите болници за геријатриска и палијативна медицина низ државата.

Loading...

“Веќе неколку дена трае теренската вакцинација во болниците за геријатриска и палијативна медицина и домовите за згрижување стари лица во Скопје и Битола. Во двата дома Сју Рајдер веќе е завршена е вакцинацијата 10 луѓе од 60 во Битола, 22 од 60 во Скопје и во центарот за сместување на стари лица Мајка Тереза 22 од 50 вкупно сместени корисници.” – изјави министерот Филипче.

Во моментов е во тек вакцинацијата во Геронтолошкиот завод во Скопје “13 Ноември”, а системот на другите вакцинални пунктови низ државата продолжува и според планираното денеска се опфатени припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.

“Сега во тек е вакцинацијата тука во болницата за геријатриска медицина. Огромен процент и од здравствените работници веќе се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради тоа што овие здравствени работници навистина треба да се заштитени, прво да бидат заштитени самите тие а второ да ги штитат и постарите сместени луѓе. Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата на таму сместените корисници. Во меѓувреме останатиот дел од системот добро функционира и денеска продолжува вакцинацијата ширум пунктовите во државата во Арената А1 Борис Трајковски дел од припадниците на Армијата и наставничките од прво до трето одделение сега во овој момент е вакцинацијата.” – кажа министерот Филипче.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *