Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со коивд, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Сподели со своите пријатели

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната пресконференција министерот за здрасвство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

Loading...

-Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите освен еден дел од одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција. Заводот за рехабилитација-Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од ковид и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле, и на дел од одделенијата во зградата за Интерни клиники. Клиниките за Оториноларингологија и Офталмологија исто се враќа во финкција до крајот на неделата. Продолжува намалувањето на притисокот врз болниците ширум државата. Повеќе од половина од капацитетите се слободни и се враќаат во нормална работа и останатите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите – изјави Филипче.

Министерот посочи дека сите граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат. Филипче рече дека се поголем е интересот на граѓаните кои се пријавуваат на vakcinacija.mk, и апелираше дека тоа е најпрактичниот механизам да се стигне до соодветен термин за вакцинација.

-Во однос на процесот на вакцинација, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 се граѓани коишто се и ревакцинирани. Со оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден, во сите пунктови низ државата продолжува и во текот на оваа недела. Денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на Фајзер, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај и согласно сите тие најави ние го правиме и распоредот за делење на вакцините ширум пунктовите – изјави министерот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *