Филипче: Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки

Сподели со своите пријатели

„Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално, дали генерално на ниво на територијата на цела држава“, рече денеска на Табановце министерот за здравство Венко Филипче, но додава дека засега нема индиции дека такви мерки треба да препорачаат.

Loading...

Последните анализи, како што рече минситерот, покажале дека околу 50% од новите случаи се со британскиот сој на вирусот.

– Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека се повеќе луѓе надвор има коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас, рече Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply