Филипче: Да не се излегува надвор и во овој период без некоја голема потреба

Сподели со своите пријатели

Главната порака е луѓето да се стрпат од излегување, сепак да не се излегува и сега во овој период без некоја голема потреба. Луѓето да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.

– Многу лесно се спроведува контролата надвор или на некои собири, во молови заради тоа што сега имаат големи ингеренции инспекторатите, МВР сите овие месеци наназад. Останува на свеста на граѓаните и затоа секојдневно апелираме да се почитуваат овие мерки. Да не се мешаат повеќе семејства заедно тоа е главниот ризик. Мерките се на сила од овој петок (18 декември) до 20 јануари, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата пред Клиникат за детски болести.

Тој посочи дека и сегашната ситуација е доказ дека отворените граници не се ризик за влошување на епидемиолошката ситуација.

– Сепак локалната трансмисија е главниот можен ризик и затоа се и така препорачани мерките, додаде Филипче.

Рената Пепељугоска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *