Ферус Мустафов и Анета и „Молика“ – гости на вечерта на „Рома труба фест“

Сподели со своите пријатели

И оваа година во организација и под покровителство на Градоначалникот на Општина Куманово и Советот на градот ќе одржи десетотто јубилејно издание на „Рома труба фест“.

Loading...

Настанот ќе се одржи на 1ви септември, односно во вторник со почеток од 19 часот на градскиот плоштад.

На фестивалот на дувачки инструменти ќе настапат значајни имиња од македонската естрада, како што се Ферус Мустафов, Анета Мицевска и нејзиниот бенд „Молика“, а заедно со нив ќе настапат и Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

На манифестацијата учество ќе земат и гости од Србрија, оркестрите “Исидор Зечировиќ“ и “Драган Аметовиќ“ од Бојник заедно со македонските оркестри: „Уска Кан Кантуров“ од Берово, „Агушеви Џамбо“  и „Кемал Асанов“ од Струмица.

Со минимални финансиски средства во организација на минфестацијата учествува и Министерството за култура на Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.