Компанијата Фејсбук основаше нов надзорен одбор за содржини, а меѓу членовит ќе се најдат личности од целиот свет.
Овој независен одбор, кој ќе има овластување да ги отфрли решенијата, па дури и да го разреши основачот на компанијата и извршниот директор Марк Зукерберг.
Facebook со алтернатива му стана конкурент на Zoom
Одборот е формиран како одговор на зголемените критики за тоа како оваа социјална мрежа ја контролира проблематичната содржина што се објавува.
Според Фејсбук, пренесува Ројтерс, избраните членови на одборот потекнуваат од 27 земји низ целиот свет и зборуваат 29 јазици, иако четвртина од членовите се од САД, каде се наоѓа седиштето на компанијата.
Интернетот на SpaseX преку „Starlink“ ќе биде достапен кон средината на 2020 година
Поранешниот американски федерален судија Мајкл Меконел, колумбискиот адвокат Каталина Ботеро-Марино и поранешниот дански премиер Хела Торнинг-Шмит ќе бидат членови на одборот, меѓу другите.