Фејсбук добро ги познава корисниците па им подготвува нови апликации

Сподели со своите пријатели

Компанијата Фејсбук формираше нов NPE (New product experimentation) тим, кој во текот на претстојните месеци би требало да претстави голем број нови апликации.

Loading...

Тимот би требало да смисли и пласира апликации кои на корисниците им „даваат целосно ново искуство во создавањето на заедницата“.

Детали се уште не се соопштени, но се знае дека некои од нив ќе бидат бесплатни, а дека други ќе се плаќаат и ќе имаат можност за купување во внатрешноста на апликацијата.

Првите вакви апликации би можеле да се очекуваат во следните неколку недели, а ќе бидат дистрибуирани преку Google Play и App Store.

Овој чекор на Фејсбук претставува уште еден во низа обиди да се „одвои“ од својата социјална мрежа, која неколку години наназад трпи остри критики и казни поради кршење на приватноста на корисниците и безбедносните пропусти.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply