ФБИ се вклучува во истрагата за нападот на американската амбасада во Подгорица

Сподели со своите пријатели

Далибор Јауковиќ, поранешен офицер на некогашната Војска на СРЈ, кој во текот на минатата ноќ фрли бомба во дворот на американската амбасада во подгорица, а потоа изврши самоубиство, нема криминално досие, а мотивите за овој инцидент и натаму се утврдуваат, велат надлежните на прес конференцијата одржана денеска попладне.

Државниот обвинител Лепа Меденица соопштила дека Обвинителството и полицијата ги преземаат сите мерки и активности за да се открие мотивот на нападот, и дека засега не е утврдено дали се работи за тероризам.

Помошник на директорот на полицијата Енес Баковиќ на новинарите им рекол дека е утврдено дека напаѓачот активирал експлозивна направа М-75 која е наменета з ауништување живи сили на непријатели во услови на блиска борба.

 

Loading...

 

– Се работи за Д.Ј. од Подгорица, државјанин на Црна Гора, роден во 1976. година во Краљво, кој немал претходни кривични дела. Идентификацијата е направена врз основа на ДНК анализа, како и препознавање од страна на блиски роднини, навел Баковиќ кој додал дека полицијата во соработка со американската агенција ФБИ проверува профили на социјалните мрежи кои ги користел Јауковиќ, за да утврди дали работел со некого и имал соучесници во нападот.

Во Подгорица и натаму е на сила вонредна состојба по синоќешниот напад, а забележано е и зголемено присуств на сите единици на полицијата.

На Фејсбук профилот Далибор пишувал ека бил одликуван со медал за заслуги во областа на одбраната и безбедноста во Сојузна Република Југославија.

Американската амбасада врз која е фрлена бомбата соопшти дека сите вработени се безбедни. До своите граѓани испратила известување да го избегнуваат подрачјето околу зградата на амбасадата, јавни собири, да ги следат локалните медиуми и упатставата на властите.

Поради овој инцидент, сите услуги поврзани со издавање визи се откажани.

(Телеграф.рс)

Leave a Reply