Фантастична појава на небото кој се гледа еднаш во 800 години

Сподели со своите пријатели

„Средбата“ на планетите како што последен пат можела да се види во 1226 година ќе се случи на 21 декември, најавуваат астрономите.

Loading...

„На небото на 21 декември 2020 година, ќе има блиска средба со планетарни пропорции што не се случила од 1623 година.

Имено, на 21 декември ќе се случи ретка многу блиска конјукација  на Јупитер и Сатурн, така што вечерта Јупитер и Сатурн навидум ќе бидат на небото во скоро иста точка, одделени еден од друг со само 0,1 ° (1/10 степени), т.е. само 6 месечеви минути “.

Терминот конјукација потекнува од латинскиот збор coniunctio и значи распоред на две небесни тела кога, видени од Земјата, ќе се приближат едни на други на најмало растојание.

Во овој случај станува збор за Јупитер и Сатурн.

Јупитер и Сатурн во реалноста нема да бидат воопшто блиски, туку милиони километри оддалечени, но од наша перспектива, гледајќи од Земјата, тие ќе се усогласат и навидум ќе се приближат едни до други на небото.

Јупитер и Сатурн навидум се приближуваат на небото кога се гледаат од Земјата на секои 19,85 години, со оглед на тоа што на Јупитер му требаат 11,86 години, а на Сатурн 29,4 години да кружи околу Сонцето, и тогаш овој феномен на нивното блиско поминување на небото го нарекуваме голема конјукција.

Последната голема конјукција се случила на 28 мај 2000 година, но било практично невозможно да се види затоа што во тоа време Јупитер и Сатурн на небото биле многу блиску до насоката на Сонцето.

Loading...

Конјукцијата што ќе можеме да го видиме на 21 декември 2020 година е многу редок феномен, последниот се случил во 1623 година и тогаш никој не можел да го види затоа што Јупитер и Сатурн биле премногу блиску до правецот на Сонцето.

Последната таква конјукција, која била лесно видлива, се случила на 4 март 1226 година.

Leave a Reply