Фановите денес го слават роденденот на Тоше

Сподели со своите пријатели

Денес е роденденот на прерано заминатата музичка легенда Тоше Проески. Тој денес ќе наполнеше 35 години, и по повод  неговиот роденден, вчера беше промовирано видеото за новиот сингл на Тоше “If you wanna leave me”.

Loading...

Песната е снимена како балада и во латино верзија, и е најава за постхумен албум „Secret Place” со необјавени песни од Тоше. Режисер на спотот е Дарио Јанковиќ.

Традиционално денеска во домот на АРМ, Скопје, ќе се одржи крводарителска акција во чест на Тоше, од 10 до 17 часот, во организација на Црвениот крст на градот Скопје, Црвен крст Гази Баба, институт за трансфузиска медицина, фан клубот на Тоше, и со поддршка на волонтерите од “Клуб 25”.