ФАКТЕ: Во денешната полициска акција се апсат лица од селата Отља и Брест

Сподели со своите пријатели

Жителите на селата Отља и Матејче според албанскиот портал FAKTE потврдиле дека полицијата денес приведува лица и од нивните села . Според изјавите на жителите, полицијата влегла во повеќе домови, а според првичните информации, две лица од селото Отља се приведени од утринава.

Loading...

Како што дознава FAKTE.Net во раните утрински часови, полициски сили во придружба на оклопни возила поминале низ селата во општинаЛипково од каде се упатиле во планинското село Брест.

Селаните за порталот на албански јазик велат дека селото Брест е опкружено со полициски сили и дека има уапсени лица, кои биле чувани приведени надвор од своите домови.

Повеќе детали за полициската акција на МВР во која се апсат лица вмешани во кумановската акција во Диво Насеље се најавени за денес.

ФОТО: Факте.нет