Европски земји со најчиста вода за капење: Една држава има совршен резултат!

Сподели со своите пријатели

Медитеранот е познат по своите исклучително чисти води. Сепак, постои една земја во која можете да бидете сигурни дека водата за капење е чиста како што изгледа.

Loading...

Откако било спроведено тестирање на вода на 112 локации, една островска земја во Медитеранот постигна совршен резултат.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) неодамна спроведе тестирање на квалитетот на водата на 22.276 области за капење во 27 земји од Европската унија.

 

 

Албанија, Швајцарија и Велика Британија се додадени на споменатите земји, пишува Травел магазин.

Во објавениот извештај, Кипар убедливо се најде на прво место. Оваа островска земја доби совршен рејтинг од 100%, заслужувајќи ги највисоките пофалби за исклучително високиот квалитет на водата за капење.

Loading...

Всушност, од 112 плажи во земјата, секоја од нив добила највисок, „одличен“ рејтинг.

Генерално, европските води за капење поминаа прилично добро, бидејќи 82,8% од рангираните добија највисок рејтинг.

По Кипар следуваат Австрија со 97,7%, Грција со 97,1%, Малта со 96,6% и Хрватска со 96,1% од своите локации кои се во категоријата врвен квалитет.

 

 

Извршниот директор на ЕЕА, Ханс Бројнинкс истакна дека добриот квалитет на европските води за капење е резултат на четири децениска работа на спречување и намалување на загадувањето.

Законите на ЕУ не само што помогнаа да се подигне целокупниот квалитет, исто така, значително помогна да се идентификуваат областите каде што треба да се преземат одредени мерки.

Loading...

Поврзаноста на квалитетот на водата за капење и туризмот

Ова е одлична вест за Кипар, каде што туризмот, како и во другите делови на светот, претрпе значителни загуби поради пандемијата.

Туризмот во оваа земја падна за 85% во текот на летото на 2020 година, во споредба со претходната сезона. Не треба да се заборави дека 13% од БДП на земјата доаѓа од туризам.

 

 

Министерот за заштита на животната средина на Кипар, Костас Кадиз, истакна дека постои меѓусебна врска помеѓу квалитетот на водата за капење и туризмот.

Како резултат на тоа, горенаведените врвни резултати се многу важни не само за здравјето на капачите и животната средина, туку и за економијата на Кипар.

Loading...

Leave a Reply