Евентуална хаварија во Запорожје, ќе ги покрие со радиоактивен материјал Германија, Полска и Словачка

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана објави дека нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на објектот, што Киев го негираше, пренесува Ројтерс.

Loading...

Игор Кирилов, шеф на руските сили за атомско-биолошко-хемиска одбрана, рече дека резервните системи за поддршка на централата биле оштетени како резултат на гранатирањето.

„Во случај на несреќа во електраната, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка“, посочи Кирилов.

Во март, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа во Запорожје. бидејќи се наоѓа блиску до линијата на фронтот, во последните недели неколку пати беше изложен на гранатирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите врз оваа електрана, инаку најголема во Европа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.