Еве како сами да направите влажни марамици: Ова се неколку состојки што ви се потребни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Направете сами марамчиња за чистење и направете ја куќата да блесне.

Loading...

 

 

Направете сами влажни марамчиња кои се евтини и можат да Ви помогнат да ги исчистите сите нечисти површини во куќата, особено во кујната. Направено е од едноставни и природни состојки.

Состојки:

сад со капак

хартиени салфетки

Loading...

1/2 чаша алкохолен оцет

1/2 чаша вода

1/2 чаша медицински алкохол

1 лажичка течен сапун

10 капки есенцијално масло по Ваш избор

Подготовка:

За да направите влажни марамчиња, пресечете ролна хартиена салфетка на половина и ставете ги во кутијата по ваш избор. Исечете дупка во облик на крст на капакот на кутијата за да ги извадите марамчињата.Сите останати состојки измешајте ги во еден сад. Полека истурете ја оваа течност на хартиените салфетки. Кога е натопена, внимателно повлечете ја хартиената салфетка низ дупката што сте ја пресекле. Ако марамчињата се исушат по неколку дена, додадете уште малку вода и алкохол за да ги хидрирате.

 

Loading...