Еве каде се наоѓаат најголемите алкохоличари во светот

Сподели со своите пријатели

Откако постои светот и векот, алкохолот се пие ширум целата планета, па дури и скришно и во они земји во кои е забранет. Сепак, постојат народи и држави кои претеруваат.

Loading...

Последното меѓународно истражување на темата алкохол покажува дека Литванија е земјата во која најмногу се испие по глава на жител.

Тие земале во обзир резултати од 2000 година, како и оние од 2013 година, и докажале дека во оваа балтичка земја се испиваат по 14 литри алкохолно пиење по глава на жител на годишно ниво.

Австрија е на второто место, додека на третото се наоѓа уште една балтичка земја – Естонија, додека Чешка, позната по доброто пиво е на 12 литри по глава на жител и е на четвртотто место.

Земјите во кои најмалку се конзумира алкохолот по проценките на OECD се Индонезија, Турција и Индија, не преминувајќи ниту литар годишно, а веднаш зад нив е Израел со еден до три литри алкохол по глава на жител годишно.

OECD наведува дека во периодот од 2000 до 2013 година на глобално ниво знатно се зголемила количина на конзумирањ ена алкохолот, а на исто ниво се држат Литванија, Полска и Русија.

Истражувањето покажува дека доста млади ја имаат зголемено конзумацијата на алкохолот, и мажите и жени, а луѓето од нискиот социо-економски статус се многу поверни на алкохолот.

Најголем број на луѓе кои конзумираат алкхоло се пронајдени во Унгарија, каде 90% од популацијата ужива во пиењето, додека тој процент во Франција е на 50%.

Loading...

Во оглед се земени само пиењата со повеќе од 20% алкохолност во себе, а испитаните се на старосна возрас од 15 погидни па нагоре, пренесуваат светските медиуми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.