ЕУ воведува царини за увоз на украински јајца

Сподели со своите пријатели

Европската комисија ќе воведе царини за увоз на јајца од Украина во Европската унија во следните две недели, откако претходно договорениот годишен праг за таков увоз ќе биде достигнат, изјави денеска портпаролот.

Loading...

ЕУ воведе ограничувања на увозот на одредени земјоделски производи од Украина, откако дозволи слободна трговија како дел од спасувачкиот пакет за економијата на земјата по рускиот напад во 2022 година, што доведе до бран протести на земјоделците оваа година, објави Ројтерс.

Според податоците на Европската унија, увозот на јајца во ЕУ минатата година скокнал за три четвртини и продолжил да расте на почетокот на оваа година, а Украина е водечки снабдувач.

Европската индустрија за јајца се пожали дека приливот на поевтини украински залихи го попречил закрепнувањето на производството од појавата на птичји грип во последниве години, кои ги уништија јата живина.

Ограничувањата на ЕУ за увоз на земјоделски производи од Украина вклучуваат и живина, шеќер, гриз, пченка и мед.

Европската комисија во вторникот објави дека ќе воведе царини за увоз на овес од Украина, откако ќе го достигне плафонот за количеството увезено жито.

Украина кон крајот на мај објави дека ќе го забрани извозот на шеќер во ЕУ до крајот на оваа година бидејќи е достигната границата за волумен, иако бројките на Европската унија покажуваат дека речиси 44.000 метрички тони останале достапни од вкупно околу 263.000 тони.