ЕУ се обидува да избегне трговска војна со САД

Сподели со своите пријатели

Трговските односи меѓу САД и ЕУ со месеци се затегнати поради американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА).

Loading...

Законот предвидува инвестирање од милијарди долари во домашното производство на енергија со истовремено намалување на штетните гасови.

ЕУ стравува дека овој закон ќе им наштети на европските компании. Француските и германските министри за економија отпатуваа на разговори во Вашингтон, пренесува германската агенција ДПА.

Се стравува дека ИРА ќе ги оштети германските, француските и другите европски компании, бидејќи субвенциите и даночните олеснувања важат само за компаниите кои користат американски производи или самите произведуваат во САД.

Европската комисија планира да инвестира стотици милијарди евра во технологии погодни за климата.

Станува збор за обновливи извори на енергија, топлински пумпи, производство на батерии, како и користење и складирање на јаглерод диоксид.

Комисијата сака да го прошири и забрза пристапот до соодветните субвенции и да им даде на земјите на ЕУ поголема слобода да ги таргетираат субвенциите.

Роберт Хабек, германскиот министер за економија, смета дека предлогот е добар и смета дека е силен европски одговор на американскиот закон, но тој истакна дека има добри шанси да се избегне трговски спор.

Loading...

Соработката во Советот за трговија и технологија САД-ЕУ би можела да биде јадрото на можниот заеднички индустриски договор, рече Хабек.

Влогот е голем за двете страни, пренесува CNN. Трансатлантската трговија лани достигна рекордни 1,2 милијарди евра.

Додека Кина е најголемиот трговски партнер на Европската унија за стоки, кога се вклучени услугите и инвестициите, САД се рангирани на прво место.

Тоа партнерство станува сè поважно во 2022 година, особено за Европа. Откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари, имаше драматично зголемување на испораките на американски течен природен гас (LNG) преку Атлантикот, бидејќи земјите од ЕУ се обидуваат да го заменат увозот на енергија од Москва.

Но, ИРА претставува потенцијално сериозен камен на сопнување. Иако трговска војна е малку веројатна, планот ја тестира трансатлантската алијанса и ја турка Европа по патот на субвенциите. Законот за намалување на инфлацијата на Бајден ветува дарежливи субвенции и даночни олеснувања за потрошувачите од корист на американските производители на автомобили.

Покрај ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја, исто така, изразија слична загриженост за правилото, кое им дозволува на потрошувачите даночни олеснувања до 7.500 долари за новите електрични возила во зависност од тоа колку од неговите компоненти се произведени или склопени во САД.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.