ЕУ: Русија треба да одговара за штетите на украинската брана

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека Русија треба да одговара по делумното уништување на браната во Украина, посочувајќи на „воено злосторство“.

Loading...

„Шокиран сум од нападот без преседан на браната Нова Каховка“, напиша Шарл Мишел на Твитер.

„Уништувањето на цивилната инфраструктура очигледно е воено злосторство и ние ќе бараме одговорност од Русија и оние поврзани со неа“, додаде тој.

Мишел напиша дека мисли на сите украински семејства погодени од таа катастрофа и најави дека ќе предложи помош за поплавените зони поради ова уништување на следниот самит на лидерите на европските дваесет и седум на крајот на јуни во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Браната Каховка, која се наоѓа во делот на Херсонската област под окупација на Русија, денеска е делумно уништена, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нејзината штета.

Таа брана, која беше заземена од руските сили на почетокот на руската офанзива во Украина, го снабдува со вода полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Исто така, обезбедува вода за ладење на блиската нуклеарна централа Запорожје, исто така контролирана од руските сили.

Хидроцентралата од советската ера изградена во 1956 година на реката Днепар е една од најголемите инфраструктурни објекти од ваков тип во Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.