ЕУ набавува уште 170.920 вакцини против мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Европската унија денеска соопшти дека обезбедила дополнителни 170.920 дози од вакцината против мајмунски сипаници, која ја развила фармацевтската компанија „Баварски нордик“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Новата нарачка повеќе од двојно го зголемува снабдувањето со вакцина од ЕУ, со што бројот на купени дози достигна речиси 335.000, соопшти британската агенција.

Дополнителни дози ќе бидат достапни за испорака пред крајот на годината, додека во моментов се дистрибуираат претходно купените вакцини, соопшти Европската комисија.

Според Ројтерс, од почетокот на епидемијата, околу 18.500 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во земјите на ЕУ, Норвешка и Исланд.

Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.