ЕУ ја одобри мисијата за воена помош за поддршка на Украина

Сподели со своите пријатели

Советот на ЕУ, на ниво на министри за одбрана, денеска одлучи да ја одобри и започне мисијата за воена помош на Европската унија за поддршка на Украина (ЕУМАМ Украина) и да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука за најмногу 15.000 членови на украинската Вооружени сили на повеќе локации на територијата на земјите-членки на ЕУ.

Loading...

Целта на мисијата е „да се унапреди воената способност на украинските вооружени сили за да им се овозможи да го бранат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и да го заштитат цивилното население“, соопшти Советот.

Командант на мисијата ќе биде директорот на Одделот за воено планирање и управување, вицеадмирал Ерве Блежан.

Советот усвои мерка за помош во рамките на Европскиот мировен фонд во износ од 16 милиони евра за поддршка на градењето на капацитетите на украинските вооружени сили од страна на ЕУМАМ Украина.

„И ЕУМАМ Украина и мерката за помош се дизајнирани врз основа на оперативните барања на Украина, а тоа е финансирање за муниција, воена опрема, платформи за транспорт на оружје, складирање и одржување и поправка на опремата обезбедена од земјите-членки на ЕУ. Мерката за помош ќе трае 24 месеци а засега изнесува повеќе од 3,1 милијарда евра“, соопштуваат од Советот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.