Претставниците на Европската унија денеска треба да ја одобрат забраната за увоз на руски јаглен, која целосно ќе стапи на сила од средината на август, еден месец подоцна од првично предложеното, по притисокот од Германија да го одложи спроведувањето на мерката. Ројтерс пренесува од ЕУ.
Постепеното укинување на рускиот увоз на јаглен е столбот на петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, предложен од Европската комисија оваа недела, како одговор на злосторствата во украинскиот град Буча.
Патики од 50 долари и маслинесто зелени нијанси – изгледот на Володомир Зеленски не е случаен
Ова, кога ќе биде одобрено, ќе биде прва забрана на ЕУ за каков било увоз на енергија од Русија од почетокот на руската „специјална операција“ во Украина на 24 февруари.
Нафтата и гасот, кои имаат значително поголем удел во европскиот увоз на руска енергија, остануваат недопрени.
Европските увозници најголемиот дел од купувањето на руски јаглен го прават на самото место, а не врз основа на долгорочни договори, а кога санкциите ќе стапат на сила, тие набавки веднаш ќе бидат прекинати.
Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид
Европската комисија првично предложи тримесечен период за постепено укинување на купувањата според постоечките договори, што значи дека Русија сепак може да извезува јаглен во ЕУ 90 дена по воведувањето на санкциите, се вели во документот на Ројтерс.
Сепак, тој период е продолжен на четири месеци, изјави извор од британската агенција, запознаен со дискусиите, кој не сакаше да биде именуван.
Рокот беше продолжен главно поради притисокот од Германија, најголемиот увозник на руски јаглен во ЕУ.
Со оглед на тоа дека санкциите се очекува да стапат на сила кон крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела, откако ќе бидат објавени во официјалниот весник на ЕУ, руските компании практично ќе можат да извезуваат јаглен во Унијата до средината на август според постоечките договори.
Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид
Еден дипломат рече дека повеќето договори за јаглен се краткорочни и дека периодот на одложување од 90 дена ќе овозможи повеќето од нив да завршат без потреба од откажување, со што ќе се избегнат правните ризици.
И покрај тоа што е малку опуштена во однос на првичниот предлог, планираната забрана за руски јаглен во ЕУ е поамбициозна од британската, бидејќи Лондон најави дека планира да го забрани увозот на јаглен од Русија до крајот на годинава.
Европската комисија процени дека забраната за јаглен може да ја чини Русија 4,0 милијарди евра (4,36 милијарди долари) годишен изгубен приход.
Европската комисија одби да коментира за ова прашање.