Естонија протера руски дипломат

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за персона нон грата, соопшти Министерството за надворешни работи на Естонија.

Loading...

Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март, пренесува Интерфакс.

Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимавал со создавање раскол во естонското општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби