Еруптираше вулкан што исфрла злато! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вулканот на планината Еребус на Антарктикот исфрла парчиња злато – околу 80 грама дневно.

Loading...

Во ледените пространства на Антарктикот има вулкан кој буквално исфрла злато. Откриен е во 1991 година, а веста ја обелоденија американски геолози.

Вулканот сега е повторно активен и исфрла околу 80 грама злато дневно. Вредноста на 80 грама злато е околу 6.000 долари.

Точната цена зависи од квалитетот на златото и други фактори.

Филип Кајл, од Институтот за рударство и технологија во Ново Мексико во Сокоро, објасни дека наоѓалиштата на злато може да се појават во вулканските карпи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа стои превртена на кровот и пркоси на гравитацијата: Магнет за туристи (ВИДЕО)

– Тоа е повеќе геолошка љубопитност отколку што било друго – вели Филип Кајл.

Лавата од планината Еребус испушта жежок гас, кој заедно со себе носи злато. Со себе носи други материјали кои лесно испаруваат на 1000 °C.

Во контакт со воздухот, гасот се лади под 100 °C и многу материјали како што се цинкот и бакарот се одвојуваат. Ова се случува на метар или два од жешката лава.

Loading...

– Самиот гас содржи премалку злато за да формира кристали во воздухот – вели Кајл.

Наместо тоа, тој сугерира дека златото би можело да се кристализира во кората на површината на лавата додека гасот излегува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Гасот се испушта доста бавно на планината Еребус, така што честичките би можеле да растат неколку минути или часови пред да се испуштат во атмосферата, пренесува New Scientist.