Ермира Мехмети бара оставка од Никола Груевски

Сподели со своите пријатели

Пратеничката од редовите на ДУИ, партија коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, по завршувањето на протестот во Скопје, вчеранавечер на својот Фејсбук профил му порача на премиерот Никола Груевски дека е време да си поднесе оставка.

Loading...

Мехмети напиша дека гласала за оваа влада зошто верувала дека ќе ја внесе земјата во НАТО, ќе почне преговори за членство во ЕУ; ќе ги зајакне демократските вредности, ќе ги реализира ветувањата за целосна рамноправност.

ermiraStatus

Но, во меѓувреме, како што напиша Мехмети, Владата ја изолирала земјата од сите меѓународни партнери, го уништила позитивниот имиџ на државата, вовела авторитаризам, одбивала дијалог..

-Доста е. Ниту граѓаните, ниту меѓународната заедница не поддржуваат недемократско владеење. Ова е време за оставката на Груевски, напиша Мехмети.

Leave a Reply