Ерменија и Азербејџан договорија нов прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Ерменија и Азербејџан се договорија за прекин на огнот што ќе ја запре ненадејната ескалација на тензиите во кои загинаа вкупно 155 војници од двете страни, изјави висок ерменски претставник.

Loading...

Армен Грирогјан, секретар на Советот за безбедност на Ерменија, го објави прекинот на огнот во телевизиско обраќање, велејќи дека тој стапи на сила во 20:00 часот во средата, откако претходниот договор за прекин на огнот со посредство на Русија пропадна во вторникот.

Пред најавата на Григоријан, ерменското Министерство за одбрана објави дека гранатирањето престанало, но не спомна прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалипса во Дубаи по 160 литри дожд во еден ден (ВИДЕО)

Азербејџан не го коментираше договорот.

Меѓусебни обвинувања

Договорот за прекин на огнот доаѓа по дводневни тешки борби, најлошата експлозија на насилство меѓу двете земји во речиси две години.

Два дена Ерменија и Азербејџан разменија обвинувања за воени дејствија.

Ереван го обвини Азербејџан за неиспровоцирана агресија, а официјални лица од Баку рекоа дека нивната страна одговара на ерменското гранатирање.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан тврди дека во судирите загинале 105 војници, додека Азербејџан изгубил 50.

Loading...