Ергодан ќе му понуди на Путин да се сретне со Зеленски

Сподели со своите пријатели

На состанокот во Самарканд, Узбекистан, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин да одржи средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Loading...

„Најважната тема на средбата меѓу Ердоган и Путин ќе биде ситуацијата во Украина. Ердоган ќе му ја пренесе пораката на својот руски колега дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите напори за да се стави крај на војната и да се постигне одржлив прекин на огнот преку иницијативи за посредување. Претседател Ердоган ќе ја истакне и важноста на дипломатските решенија.Тој очекува рече дека за време на средбата меѓу двајцата лидери на дневен ред ќе биде евентуална воена операција против Сирија“, пишува турскиот „Хуриет“.

Се додава дека една од главните точки на агендата на претстојната средба меѓу лидерите на Турција и Руската Федерација ќе биде функционирањето на коридорот преку кој се извезува жито од пристаништата на Црното Море, пренесува РИА Новости.

„По изјавата на Путин дека, за негова несреќа, житото оди во богатите земји, Ердоган ќе бара руската стока да се испраќа преку коридорот со бродовите координирани од Турција“, додава турскиот весник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.