Ердоган: Некои новинари негуваат тероризам со своето пишување

Сподели со своите пријатели

Трскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол денеска дека некои новинари им помагаат на терористите со своето пишување, откако неговиот француски колега Емануел Макрон рече дека државите мора да го почитуваат владеењето на правата во борба против тероризмот.

– Тероризмот не настанува сам од себе. Тероризмот и терористите имаат поддршка. Со своето пишување во весниците негуваат терористи и еден ден пред вас вие тие луѓе ги гледате како терористи, рекол Ердоган на заедничката конференција за новинари со Макрон во Париз.