Ердоган му предложил на Путин едностран прекин на огнот во Украина

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин во телефонски разговор дека мировните напори во руско-украинската војна треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот и „визија за праведно решение“, соопшти денеска турското претседателство, пренесува Ројтерс.

Loading...

Во соопштението се наведува дека двајцата лидери разговарале за енергетиката и за црноморскиот коридор за жито.

Ердоган, исто така, му рекол на Путин дека треба да се преземат конкретни чекори за отстранување на курдските милитанти од пограничниот регион на Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Нема да одобриме прием во НАТО додека Шведска дозволува палење на Куранот