Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто замислува, го прави тоа

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии, рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.

Loading...

Тој додаде дека е вознемирен од тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.

– Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија – рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.

Нуклеарна војна – катастрофа

Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.

– Цената за преминување во нуклеарна војна е катастрофална. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно – рече Ердоган.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.