Епилог од престрелката во село Лопате: Двајца ранети, двајца во бегство

Сподели со своите пријатели

Во синоќешната престрелка во село Лопате, кумановско, ранети се две лица, додека по двајца се трага.

Loading...

Имено, во 20,45 часот во селото Лопате-Куманово, во близина на пругата, по претходна расправија, браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од с.Липково со ПМВ „ФВ-Венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од с.Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило  „ФВ-Шаран“, по што физички ги нападнале и со тврд предмет им нанеле телесни повреди, и испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото.

Ремзи и Фатон се хоспитализирани во МЦ Куманово, а по Фуркан и Фарук се трага, пишува Репортер


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.