Епидемија од морбили прогласена во целата држава

Сподели со своите пријатели

Епидемија од морбили денеска е прогласена на целата територија на Република Северна Македонија.

Loading...

Ваквата одлука е донесена по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници, односно морбилите.

Тоа значи дека ниту едно невакцинирано дете нема да биде примено во градинка, а предложено е и минималната возраст за примање на вакцината да биде шест месеци, наместо досегашните 12.

Мерките кои се предложени се задолжително вакцинирање со две дози на сите здравствени работници во Македонија, а дополнително ќе важат сите оние мерки кои претходно беа донесени за градовите во кои беше прогласена епидемијата.

За случајот е известена и Светската здравствена организација.

Leave a Reply