ЕП ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент во средата одлучи да ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот, тврдејќи дека воените напади на Москва врз цивилни цели како што се енергетската инфраструктура, болниците, училиштата и засолништата го прекршуваат меѓународното право.

Loading...

Тој потег е во голема мера симболичен, бидејќи Европската унија нема правна рамка за да го поддржи, пренесува Ројтерс.

Во исто време, ЕУ веќе осум пати воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Одлуката ја прифатија 494 пратеници, 58 гласаа против, а 44 беа воздржани. Потпретседателката на Европскиот парламент, Дита Шаранзова, објави фотографија од ЕП и порача: „Режимот на Путин мора да одговара за своите злосторства“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на одлуката на Европскиот парламент.

„Ја поздравувам оваа одлука Русија да се означи како државен спонзор на тероризмот. Русија мора да биде изолирана на сите нивоа и да одговара за да ја запре својата политика на тероризам во Украина и во светот“, напиша тој на Твитер.

Инаку, во рускиот напад на локалната болница во Запорожје, во кој беше погодено породилиштето, загина новороденче, соопштија во средата украинските служби за итни случаи.

„Ноќта на 23 ноември, во градот Вилњанск во областа Запорожје, ракетен напад врз реонот на локалната болница го погоди породилното одделение. Во погодениот дел од двокатната зграда имаше мајка и бебе и лекар Новороденчето починало, а мајката и докторката се извлечени од урнатини“, соопштија од Државната итна помош. Мајката е ранета, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм и додаде дека „терористичката држава продолжува да води војна против цивилите“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.