Енергетската криза го „гаси“ производството на некои лекови во Европа

Сподели со своите пријатели

Европските производители на лекови предупредија дека би можеле да престанат да произведуваат некои евтини генерички лекови поради зголемените трошоци за електрична енергија, повикувајќи на преглед на начинот на кој се поставени нивните цени, најновата индустрија која бара помош во услови на продлабочена енергетска криза.

Loading...

Лоби-групата на индустријата за генерички лекови „Лекови за Европа“, која ги застапува фармацевтските компании како Тева, Новартис Сандоз и компанијата Фресениус Каби, во вторникот испрати отворено писмо до министрите за енергетика и здравство на земјите-членки на Европската унија, пренесува Ројтерс.

Министрите за енергетика на 27-те земји од ЕУ ќе се состанат во петок за да договорат мерки за ублажување на енергетската криза во Европа, а на маса се предлозите за воведување давачки за дополнителниот профит на компаниите од секторот на фосилни горива и ограничување на големопродажните цени на гасот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Портпаролот на чешкото претседателство со ЕУ го потврдил приемот на писмото, но изјавил дека темите за кои ќе се разговара во петок биле одобрени од Европската комисија и дека на дневен ред засега не се решенија специјално наменети за производителите на лекови.

Писмото беше упатено и до Комисијата, која доцна синоќа не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Струјата стана десет пати поскапа за некои фабрики за лекови во Европа, а трошоците за набавка на суровини пораснаа меѓу 50 и 160 отсто, се наведува во писмото.

Здруженијата на производители на генерички лекови во земјите-членки на Унијата испратиле и петиции до националните здравствени власти за поголема флексибилност во однос на цените на лековите, соопшти организацијата „Лекови за Европа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

„Можеби ќе го запреме производството на три, можеби пет производи поради директното и индиректното влијание на зголемувањето на трошоците за енергија“, рече Елизабет Стампа, главен извршен директор на шпанскиот производител на генерички лекови и фармацевтски состојки Medihem SA.

Loading...

Управниот директор на групацијата Лекови за Европа, Адријан Ван Ден Ховен, изјави за Ројтерс дека повисоките трошоци за енергија го погодуваат секторот, кој е принуден да се консолидира поради притисокот на цените, оставајќи го пазарот поранлив на прекини во снабдувањето и недостиг на лекови.

„Повисоките трошоци за енергија ги навлегуваат маргините на многу од производителите на есенцијални лекови кои се во системот на фиксна цена според кој ние работиме во Европа“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.