ЕМОТИВНО: Кинески брачен пар си ја пронајде ќерката по цели 24 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Брачен пар од Кина по цели 24 години се сретна со својата ќерка, која исчезнала во 1994. година, кога имала три години. За време на повеќегодишната неуморна потрага на Ванг Мингчинг и неговата жена Лија Денгјинг по ќерката Чифенг, Ванг започнал да вози такси во надеж дека еден ден неговата ќерка ќе влезе токму во неговото возило.

Емотивна снимка: Како не треба да се однесувате со својот татко (видео)

Loading...

Брачниот пар се занимавал со продажба на овошје на тезга покрај патот во југозападниот кинески град Ченгду, а еден ден, Ванг останал без ситни пари, па заминал до соседната тезга за да може да врати кусур на купувачот, пренесува ВВС.

 

 

Кога по неколку минути се вратил, не можел да ја пронајде својата ќерка, јавуваат кинеските медиуми.

Ванг и неговата жена, кои имаат уште една ќерка и син, со години трагале по Чифенг во Ченгдуу и околните области и никогаш не го напуштиле градот во надеж дека нивната ќерка еден ден ќе го пронајде патот до дома.

Емотивна венчавка: Посвоената ќерка ја дознава вистината после 20 години (видео)

Кинеската полиција со текот на годините идентификувала повеќе жени за кои мислела дека можат да личан на Чифенг, но со ДНК тестовите е утврдено дека тоа не е таа.

 

 

Loading...

До напредок дошло минатата година, кога полициски цртач слушнал за случајот и одлучил да му помогне на семејството така што нацртал како Чифенг би можела да изгледа како возрасна личност.

Емотивна средба на мајка и син после 41 година раздвоен живот (видео)

Цртежок кружел по интернет, додека илјадници километри одалечената Канг Јинг не видела и останала шокирана со тоа колку девојката од цртежот наликува на неа.

Стапила во контакт со Ванг претходно оваа година и набргу направиле ДНК тест.

Овој пат резултатот бил позитивен – Ванг конечно ја пронашол својата одамна загубена ќерка.

Leave a Reply