Електронските цигари штетни колку и обичните

Сподели со своите пријатели

Е-цигарите можат да му наштетат на целокупното здравје на потрошувачот на ист начин како и класичните цигари, според неодамнешното истражување на Министерството за здравство на Универзитетот во Северна Каролина.

Loading...

Иако порано се веруваше дека електронските цигари се всушност поздрава верзија на потрошувачката на тутун и би можеле да им помогнат на пушачите да се ослободат од овие лоши навики, научниците сега го тврдат спротивното.

Зошто ни се пушат цигари кога пиеме алкохол?

Студијата открила дека емфизем на белите дробови е подеднакво можен и кај двајцата пушачи, според извештаите на медиумите во светот. Истражувачите, наводно, ја засновале студијата со земање мостри на пулмонална течност за три различни ензими протеаза кај пушачи на цигари, е-цигари и непушачи.

Бидејќи претходните студии покажале дека пушачите имаат повисоко ниво на овие ензими, што може да доведе до емфизем на белите дробови, истражувачите сакале повторно да го проверат во три различни групи за да видат како електронските цигари влијаат на белите дробови на потрошувачите. Откриено е дека непушачите имаат нормално ниво на овие ензими и не се изложени на зголемен ризик од заболувања на белите дробови, но ситуацијата е различна кај пушачите.

Чај за одвикнување од цигарите – Го прочистува телото од никотин

– Пушењето е-цигари и класичните цигари влијаат на белите дробови на ист начин, сугерирајќи дека е-цигарите претставуваат ист ризик од развој на болести како и обичните цигари, според оваа студија. Центрите за контрола и превенција на болести веднаш објавија план за последователно бидејќи беше потврдено дека е-цигарите имаат директна врска со заболувања на белите дробови. Патем, во последните неколку месеци се пријавени десетици случаи на млади луѓе кои страдаат од заболувања на белите дробови во неколку американски држави. Случаите беа слични, а она што ги поврзува сите пациенти е тоа што консумирале електронски цигари стои во истражувањето.

Десет чекори за полесно да се откажете од цигарите

Loading...

Денес има над една милијарда пушачи во светот, од кои 80 проценти живеат во помалку развиени земји. Светската здравствена организација, од друга страна, предупредува дека повеќе од седум милиони луѓе умираат секоја година заради употреба на тутун, од кои 890.000 смртни случаи се поврзани со изложеност на чад од тутун, а не со директна употреба на тутун.

На жените им е потешко да се откажат од цигарите

Експертите предупредуваат дека не постои безбедно ниво на изложеност на чад од тутун, така што ефективната заштита подразбира целосна елиминација на чадот од тутунот од кој било затворен јавен и работен простор, бидејќи само 100 процентно опкружување без чад може да ги заштити луѓето од штетните ефекти на состојките на чад од тутун.

Leave a Reply