На жените им е потешко да се откажат од цигарите

Сподели со своите пријатели

На жените им е потешко да престанат да пушат, споредбено со мажите, затоа што нивниот мозок понаку реагира на никоти, објавија амеирканските научници од Јејл Универзитетот.

Loading...

Нивното истражување укажува на постоење разлики во поглед на активирање на рецепторите во мозокот кои се врзуваат со никотинот и така ја засилуваат зависноста.

Врз основа на тие резултати научниците заклучуваат дека жените кои се обидуваат да престанат да пушат имаат повеќе корист од третманот кој не вклучува никотин.

Во истражувањето користени се снимки од мозоци на 52 мажи и 58 жени.

Половина од испитаниците биле пушачи кои се замолени седум дена да апстинираат од цигари.

Експертите веруваат дека со воочени разлики помеѓу половите поради последици на делувањето на хормонот прогестерон, објавува списанието „Arćives of General Psyćiatry“.

Leave a Reply