Електричен шпорет вчера предизвика пламени јазици во куќа лоцирана на улицата „Христијан Карпош“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарот бил пријавен во 15:50 часот, при што веднаш на терен се упатиле четворица пожарникари и едно противпожарно возило. Огнените пламени биле локализирани во 16:20 часот, а настанатата материјална штета допрва ќе се утврдува.
Во своето работење припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат интервенција и на запалена хартија и ѓубре на улицата „Тодор Велков“ кај поранешен „Житомел“. Интевенцијата на тројцата пожарникари траела од 14:40 до 15:15 часот.
Loading...