Експлозија во Белград, едно лице загина, две се повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На паркингот пред зградата на РТС во Белград утрово одекна експлозија, во која едно лице загина, а две се потешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Loading...

На местото на инцидентот веднаш пристигнала екипа на Брза помош и констатирала смрт на работникот Т.Н. (65), додека работникот П.З. (64) е пренесен во Ургентниот центар за реанимација, како и работникот Н.П. (50) кој се здобил со повреди на главата.

Работниците вршеле поправка на системот за климатизација на РТС, а загинатото лице бил вработен во компанијата „Енинг енергетика“.

Од детонацијата неколку автомобили на државната телевизија се уништени, а искршени се и прозорците на делот од зградата на РТС.

 

 

Оливер Бранковиќ, Србија

Loading...

Leave a Reply