Експлозии во Харков, Запорожје и Днепар

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат шест месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Loading...

Експлозии на Националниот ден на Украина, 24 август, одекнаа утрово во градот Харков на североистокот на земјата и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа предупреди дека на Националниот ден се можни „руски провокации и брутални напади“.

Зеленски вети и дека Украина ќе го врати анектираниот полуостров Крим.

Во пресрет на празникот, САД најавија нова воена помош за Киев од три милијарди долари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина