Експлодираше складиште за говиро на југот на Русија

Сподели со своите пријатели

Магацин за гориво експлодираше во средата на југот на Русија, длабоко во руската територија во областа Ориол, по напад кој најверојатно бил извршен со дрон, во кој нема повредени, соопштија локалните власти.

Loading...

Експлозијата, за која се верува дека е резултат на напад, се случила на околу двесте километри од украинската граница.

Од почетокот на руската офанзива против Украина, магацините со гориво и муниција на рускиот југ се цел на напади со дронови, за кои руските власти ја обвинија украинската војска.

Тие напади најмногу беа насочени кон објекти во близина на границата, во области на границата со Украина, што не е случај со оваа експлозија во Орел, која се случи длабоко на руска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

„Денеска (среда) во 04:00 часот, најверојатно, беспилотно летало предизвика експлозија на складиште за гориво во селото Стаљнаја Кон. Нема жртви“, изјави гувернерот на областа Ојол, Андреј Кличков.

„Сите спасувачки служби се на местото на настанот“, додаде тој во изјавата објавена на Телеграм, без да го именува виновникот.

Експлозијата уследи по руските ракетни напади врз градовите низ Украина во вторникот.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.