Експертите советуваат: Еве како да спречите соседите да не ви „крадат” интернет

Сподели со своите пријатели

Користењето безжичен интернет (Wi-Fi) на работа или дома е секојдневна практика, но треба да се има предвид дека има и такви кои сакаат да упаднат во системот, и да „трошат“ туѓа врска.

Loading...

Не само што натрапниците ќе го забават нормалниот проток, туку претставуваат и безбедносен ризик, предупредуваат експертите.

Како да го скенирате рутер?

Сè што е потребно за користење на туѓ интернет е код за пристап, кој не претставува предизвик за хакери или луѓе со одредени технички знаења.

 

 

За да ја скенирате врската, можете да користите една од специјализираните апликации, кои се нудат за ИОС и Андроид, а една од најпознатите е WiFi Guard.

Loading...

Откако ќе го инсталирате, следете ги упатствата, скенирајте го рутерот и ќе добиете список на „прикачени“ уреди. Кога ќе ги елиминирате компјутерот, телефонот, можеби телевизорот, лесно ќе го идентификувате натрапникот.

Променете ја лозинката

Постои и малку покомплицирана процедура која вклучува најавување на апликацијата на рутерот и потоа скенирање на поврзаните уреди.

Инструкциите треба да бидат на веб-страницата на вашиот провајдер, потсетува The Sun.

Кога ќе го „фатите“ крадецот, можете лесно да го отстраните со менување на шифрите за пристап. Ова го правите користејќи ги администраторските опции во рутерот.