Експертите откриваат колку шољи кафе на ден може да биде ОПАСНО?

Сподели со своите пријатели

Околу прашањето колку шоњи кафе дневно е премногу со децении се дискутира.

Loading...

Секој има своја теорија, а за некои две шолји се максимални, додека други веруваат дека кафето може да се конзумира во скоро неограничени количини.

Третата струја се состои од најумерените кои трезвено заклучуваат дека е најдобро да пиете само онолку кафе колку што сакате.

 

 

Затоа е интересно да се погледнат резултатите од досега најсеопфатната студија, која се занимаваше со ефектот на кофеинот врз волуменот на мозокот, како и потенцијалната поврзаност со деменција и мозочен удар.

Во студијата, организирана од Универзитетот во Јужна Австралија, учествуваа 18.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.

Loading...

Научниците утврдија дека границата помеѓу умереноста и можниот здравствен проблем е многу тенка, кога станува збор за пиење кафе.

– Утврдивме дека луѓето кои пијат повеќе од 6 шољи кафе дневно имаат 53 проценти поголем ризик од деменција, како и помал волумен на мозокот. Ги споредивме податоците неколку пати, и тие недвосмислено укажуваат дека зголемената потрошувачка на кафе го зголемува ризикот од деменција и мозочен удар – вели д-р Кити Пем.

 

 

Коавторката на оваа студија, д-р Елина Хипонен, забележува дека се уште не е точно утврдено зошто токму премногу кафе може да има негативен ефект.

– Сепак, секогаш можете да направите една едноставна и многу важна работа, а тоа е секогаш да земате доволно количество вода со кафето. Важно е секогаш да бидете хидрирани – објаснува Хипонен.

Но, ова не значи дека треба веднаш да се откажете од кафето, без разлика колку ви се допаѓа.

Loading...

Се враќаме на приказната за умереноста – имено, една студија од 2010 година покажа дека ако пиете помеѓу три и пет шолји кафе дневно, го намалувате ризикот од деменција и Алцхајмерова болест за 65%.

Психијатарот Ума Наиду наведува дека кафето содржи антиоксиданси полифеноли и тригонелин, кои ги подобруваат когнитивните функции и го намалуваат ризикот од губење на меморијата.

 

Leave a Reply