Економските мигранти отседнати на Идомени се транспортираат назад во Атина

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција од утринава започна со тргање на стотици економски мигранти кои со денови беа отседанти на грчко – македонската граница и кои го блокираа железничкиот сообраќај во обид да издејствуваат влез во Македониј, јавува Ројтерс повикувајќи се на изјава на полициски службеник и очевидец од местото на настанот.

Loading...

Околу 1.200 луѓе, главно од Пакистан, Мароко и Иран, беа заглавени во близина на северниот грчки град Идомени, барајќи да влезат во Македонија за да стасаат до Северна Европа движејќи се низ балканските држави кои не се членки на ЕУ, од каде и всушност започна првото филтрирање на мигранти кои не доаѓаат од воени зони.

Официјален претставник на полицијата за Ројтерс соопштува дека мигрантите ќе бидат пренесени во Атина на автобуси и ќе бидат сместени во центрите за миграција, пред да бидат вратени во нивните матични земји.

Стотици илјади луѓе се упатија кон Европа оваа година, поминувајќи низ Грција, и движејќи се низ балканските земји. На граничниот камен кај Гевгелија, во обид да биде спречен проток на лица кои не доаѓаат од воени зони, започнаа и првите судири кои се разгореа во последните две недели при што во текот на протестите, загина маж од Мароко како последица од струен удар во обид да се искачи на железничките вагони.

Македонија во меѓувреме подигна метална ограда во должина од 40 километри за да спречи проток на мигранти, но и да го контролира протокот на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.