ЕК: Остануваат санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека санкциите на блокот против Русија се „тука да останат“.

Loading...

– Сакам многу јасно да кажам дека санкциите остануваат, тоа мора да биде многу јасно – рече Фон дер Лајен во говорот на државата.

Таа нагласи дека солидарноста на Европа со Украина е „непоколеблива“. Фон дер Лајен најави дека денеска ќе го посети Киев, каде ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Денеска одам во Киев да разговарам со Зеленски и да му покажам дека единствениот пазар е потенцијал и за иднината на Украина – нагласи таа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.