ЕК објави предлог мерки за енергетската криза

Сподели со своите пријатели

Во средата, претседателката на Европската комисија предложи ограничување на приходите на енергетските компании кои не користат гас за производство на електрична енергија и пренасочување на вишокот приход кон потрошувачите, заштеда при максимални оптоварувања и најави реформа на пазарот на електрична енергија со цел да се стави крај на доминантната улогата на гасот.

Loading...

„Компаниите кои произведуваат струја по ниски трошоци не ни сонувале дека ќе имаат таков профит. Затоа предлагаме ограничување на нивните приходи“, рече фон дер Лајен во нејзиниот говор за состојбата на Унијата.

Вишокот профит би бил насочен кон потрошувачите и економијата.

„Така, земјите-членки би собрале 140 милијарди евра со кои би го ублажиле влијанието на растот на цените на енергијата“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Во нашата социјална, пазарна економија, профитот е добар, но во вакви времиња не е во ред да се извлекува извонреден рекорден профит, профитирајќи од војната и на сметка на потрошувачите. Добивката мора да се дели во вакви времиња и да се насочи кон оние на кои им е најпотребно“, рече Фон дер Лајен.

Вториот предлог е обврзувачка цел за намалување на потрошувачката на електрична енергија, особено за време на шпицот, за што ќе треба да се жртвува одредена удобност.

Како пример, таа ги наведе фабриките за керамика во Италија, кои го преместија работното време на раните утрински часови за да го искористат времето кога струјата е поевтина.

„Замислете ги родителите меѓу оние работници кои рано ги напуштаат своите домови додека нивните деца сè уште спијат поради војна што тие не ја избрале. Ова е еден од милион примери за тоа како Европејците се прилагодуваат на новата реалност“, рече Фон дер Лајен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

И индустрија која користи фосилни горива, компании за нафта и гас, рафинерии, рудници за јаглен итн. прават големи профити благодарение на сегашните околности.  Затоа ќе треба да плаќаат заеднички данок.

Претседателот на Комисијата ја нагласи потребата да се стави крај на зависноста од Русија и да се диверзифицира снабдувањето со гас од сигурни партнери како Норвешка, САД, Алжир и други.

Таа најави „темелна реформа“ на пазарот на електрична енергија, каде цената се одредува според најскапиот енергенс од кој се произведува, а кој веќе подолго време е гас.

„Додека се справуваме со актуелната криза, мора да гледаме напред. Сегашниот концепт на пазарот на електрична енергија не е фер кон потрошувачите, тие треба да ги користат придобивките од евтините обновливи извори на енергија“, рече Фон дер Лајен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Ќе треба да го одвоиме доминантното влијание на гасот од цената на струјата. Затоа, ќе спроведеме длабока и сеопфатна реформа на пазарот на електрична енергија“, рече таа.

Таа најави и дека Комисијата ќе работи на нови правила за пазарот на гас за да се ограничи високата нестабилност на цените во рок од еден ден.

„Тоа е многу сложено и нималку тривијално прашање“, вели претседателката на Комисијата.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...