Египетската телевизија ги суспендираше водителките додека не ослабнат

Сподели со своите пријатели

Додека не се решат од вишокот килограми, водителките на египетската државна телевизија ќе извршуваат работни задачи зад камерте, се наведува во одлуката за суспензија од медиумската куќа.

Директорката на ЕРТУ (египетска државна телевизија), Сафа Хегази изјавила дека таа одлука ќе подоги шест до осум водителки, пренесе ангенцијата АФП.

Египетската државна телевизија во последно време тешко држи чекор со приватните сателитси канали и нивниот модерен имиџ, а одлуката за суспензија на полничките водители наишла на критика на групата за заштита на човековите права, иако на социјалните мрежи некои ја пофалиле.

Хегази изјавила дека одлуката за суспензија е во рамките на планот за развој на телевизијата, нејзината форма и содржина и дека водителит еможат да работат во продукција додека не загубат на тежина.

Кога ќе ослабнат ти еможат повторно да се вратат пред камерите. како во оваа инсистуција може да бидат дискриминирани жени, како на чело на неа е жена – рекла Хегази.

Таа додава дека водителките повеќе не се како што биле кога се вработиле, сугерирајќи со тоа дека во меѓувреме се здебелиле.

 

Loading...