Египет: Најмалку девет загинати во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа, а 18 се повредени при превртување на минибус во јужен Египет, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Несреќата се случила во петокот, кога минибусот се превртел поради пукната гума на автопатот во провинцијата Миња, 270 километри јужно од главниот град Каиро, пренесе АП.

Минибусот превезувал патници од провинцијата Сохаг до Каиро, се вели во соопштението на властите.

Брзата помош брзо пристигнала на местото на несреќата и повредените ги пренела во болницата во Миња.

Илјадници луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи во Египет, а судирите и одлетувањето најчесто се предизвикани од голема брзина, лоши патишта и лошо присуство на полицијата на патиштата, додава американската новинска агенција.