Египет ја укина вонредната состојба по цели четири години

Сподели со своите пријатели

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ја укина вонредната состојба во земјата по повеќе од четири години.

Loading...

Ал Сиси на Фејсбук објави дека нема да ја продолжи вонредната состојба воведена во април 2017 година, која оттогаш е продолжувана на три месеци.

Тој ја објасни својата одлука со тоа што Египет стана „оаза на безбедноста и стабилноста во регионот“.

Вонредната состојба во Египет е воведена по нападот на црквите на Коптите, главното христијанско малцинство на Блискиот Исток во градовите Танта и Александрија, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе. Одговорноста за нападите ја презеде Исламската држава.

Претходната вонредна состојба беше воведена во 2014 година на Синајскиот Полуостров, каде што со години трае вооружениот исламистички бунт предводен од локален огранок на Исламската држава.